Шефот на организацискиот комитет на „Сочи-2014“, Дмитриј Чернишенко, е уверен дека гостите на Олимпијадата ќе немаат проблеми со обезбедувањето престој. Според Чернишенко, продажбата на билети за Игрите ќе се одвива исклучително преку Интернет, со цел да се избегнат проблемите со шпекулантите. „Технологиите на шпекулантите ние добро ги изучивме, ги знаеме хакерските програми кои можат да се употребат - благодарејќи на колегите од Лондон и Ванкувер“, изјави Чернишенко.
Тој исто така прокоментира дека учество во штафетата треба да земат, пред сѐ, обични луѓе. „Со самото учество во штафетата, сите стануваат славни“, појасни Чернишенко. „Јас самиот сум земал учество во штафети, и знам за што зборувам. Гледачите секогаш топло ме поздравувале. Ме пречекуваа како да сум некој нивен близок или роднина.“
Билетите за Олимпијадата ќе почнат да се продаваат на 7 февруари, односно една година пред одржувањето на свечената церемонија за отворање на Игрите. Цената на билетите се држи во тајност. „За сѐ, вклучувајќи ја и ценовната политика, ќе ви кажам на 7 февруари“, рече Чернишенко. Билети за Олимпијадата ќе има разни, и достапни, и скапи. „Можам да ви кажам дека цените на билетите ги утврди МОК, и тие ќе бидат слични со цените на претходните Олимпијади“, додаде Чернишенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче