И покрај намалувањето на стапките на вработување на специјалисти во целиот свет, во Русија вработувањето на квалифицирани специјалисти останува на високо ниво. „Околу 63% од компаниите барале менаџери од среден или висок ранг во декември 2012 година, а 62% ќе ги вработат во текот на првиот квартал во 2013 година“, се соопштува во истражувањето на Antal Russia. Соодветно, Русија се најде во десетте светски лидери според вработувањето на специјалисти.
Во Antal Russia сметаа дека најбарани професии во 2013 година остануваат специјалистите во сферата на продажбите и маркетингот. „Во 2013 овие професии ќе ги бараат 60% од компаниите“, се појаснува во истражувањето. Околу 25% од работодавачите се заинтересирани за вработување на специјалисти од областа на управување со ланците за доставка на стока, како и персонал во производството, а 22% имаат недостаток на шалтерски персонал и специјалисти за даноци.
Освен овие професии, во 2013 ќе расте и побарувачката за специјалисти од областа на информатичката сфера, финансиите и осигурувањето, како и автобизнисот и приватната медицина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче