Русија ќе даде кредит од 1 милијарда долари на Бангладеш за купување руско оружје

Русија ќе обезбеди кредит од 1 милијарда долари на Бангладеш за купување руско вооружување и воена техника, соопшти претседателот Владимир Путин

Условите под кои ќе биде даден кредитот не се спомнати. Според некои, станува збор за купување на БТР-80А за контингентот миротворци на Бангладеш. Можно е купување и на артилериски системи, како и стрелечко оружје. Речиси се сигурно дека ќе продолжат испораките на хеликоптери. Бангладеш, исто така, треба да ги обнови своите системи за против-воздушна заштита, со што и таквите системи влегуваат како потенцијални при набавувањето оружје од Русија.

Но, ако се погледне сумата на кредитот и она што засега се планира да се купи - се доаѓа до заклучок за огромна разлика. Една милијарда долари се премногу за купување на горенаведената техника. Тоа покажува дека е можно купување на уште поскапо оружје, вклучувајќи и ловци МиГ-29СМТ.

Во моментов најголем доставувач на оружје во Бангладеш е Кина, која учествува со 50% во увозот на оружје во Бангладеш.

Целосниот обем на извоз на оружје во Бангладеш за периодот од 2004 до 2011 година изнесува 571 милиони долари, од кои 345 милиони  припаѓаат на Кина, а на Русија само 62 милиони долари. Со тековниот кредит, Русија може да го заземе првото место на пазарот на вооружување на Бангладеш, ставајќи ја Кина на втората позиција.

Истовремено треба да се има предвид дека Бангладеш е многу сиромашна држава. Затоа е најважно да се усогласат прашањата околу условите и роковите на отплата на рускиот кредит. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња