РадиоАстрон го удвои времето на набљудување

Почнувајќи од оваа пролет, земно-космичката опсерваторија РадиоАстрон ќе го удвои времето достапно за набљудување

Учесниците во програмата планираат да го остварат ова, благодарејќи на вклучувањето на станицата за следење и собирање информации во САД, соопштено е денеска во Институтот за физика во Руската академија на науки.

Во меѓувреме, во Астрокосмичкиот центар на оваа установа се прави анализа на резултатите од минатогодишните набљудувања, кои, според официјалните информации, покажале „вонредно добри резултати во истражувањето на далечните квазари и протоѕвезди во нашата галаксија“.

Освен ова, се појавија првите успешни резултати во друг дијапазон на мерење, и во нив се успеало да се откријат извори на зрачење кои се само 2,5 до 4,3 пати поголеми од дијаметарот на Земјата. Ако се земе предвид дека станува збор за галаксии кои се наоѓаат на растојание од 3,5 и повеќе милијарди светлосни години од Земјата, тогаш, според зборовите на астрофизичарите, постигната е сензационална точност во набљудувањата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.