Русија почнува со реализација на задачата поставена од Путин за примена на „мека сила“ за подобрување на ликот на државата во странство и за промовирање на нејзините интереси.
Се планира суштествено да се прошири географијата и дејноста на руските центри за наука и култура во странство. Таму каде што постојат вакви центри, посебно во држави со голем број дипломци од руските и советските факултети - треба да се појават центри за постпрофесионален развиток врз основа на онлајн-курсеви. Во други центри се планира создавање филијали на најголемите руски музеи, а во останатите - нивни виртуелни претставништва. Посетителите на руските културни центри ќе можат да гледаат директен пренос од руските театри, како и да ги гледаат новите руски филмови со превод. Во руските центри се планира и извршување на тестирање на странците за нивното познавање на рускиот јазик, а во некои држави на ЗНД - отворање на јазични курсеви за емигрантите.
Во 2017 година во Русија планирано е да се одржи Меѓународен фестивал на младината и студентите.
Ќе се зголемат квотите за прием на странци во руските факултети. Ќе се зголеми бројот на учесници во „Програмата за краткорочни посети во Русија за младите претставници на политичките, општествени, научни и деловни кругови во другите држави“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче