Чиновниците под посебна банкарска контрола

Од почетокот на годинава треба да се определат изворите на доходи кај чиновниците кои извршиле парични трансакции повисоки од 15 илјади рубљи (околу 23.000 денари)

Од почетокот на оваа година, операциите со било каков имот кои се вршат од страна на руските чиновници, вклучувајќи го и претседателот и премиерот, се ставени на посебна контрола од страна на банките. Ако таквите видови операции се означат како високоризични, тогаш кредитните организации се обврзани да преземат мерки, меѓу кои спаѓа и определувањето на потеклото на парите. Досега ваков вид контрола била вршена само за странците.

Според измените во законот, во црниот список се вклучени лицата кои извршуваат државна должност во Руската Федерација, во кој влегуваат депутатите, сенаторите, инспекторите, судиите на Врховниот и Уставниот суд, раководителите на другите установи, претседателот, премиерот и др.

Лицата од овој список нема да бидат контролирани од страна на банките во случај сумата на нивната банкарска операција да не надминува 15 илјади рубљи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња