МНР РФ: Русија адекватно ќе одговори на новите авио-бомби на САД

Во јули минатата година САД спроведоа тестирање на нова модифицирана атомска бомба која може да биде применета од авионите на НАТО стационирани во Европа.

Во случај новите американски атомски авио-бомби В61-12 да бидат испорачани на силите во Европа, Русија ќе преземе адекватни возвратни мерки, изјави директорот на секретаријатот за прашања за неширење и контрола на вооружувањето на Министерството за надворешни работи на Русија Михаил Уљанов.

„Во воената сфера, по правило, секоја акција предизвикува реакција. Сигурен сум дека руската реакција на испорака на новите американски бомби ќе биде адекватна, а нејзините параметри ќе бидат одредени земајќи ги предвид сите околности“, изјави Уљанов за „Комерсант”, одговарајќи на прашањето каква ќе биде реакцијата на Русија во случај на распоредување на авио-бомбите В61-12 во Европа.

Во јули минатата година САД спроведоа тестирање на нова модифицирана атомска бомба која може да биде применета од авионите на НАТО стационирани во Европа.

Германскиот ТВ канал ЗДФD претходно соопшти дека во авио-базите на западот на Германија САД планираат да распоредат 20 нови бомби B61-12.

САД, меѓутоа, соопштија дека не постојат планови за распоредување на ново нуклеарно оружје во Европа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња