МНР РФ: Ќе сториме сé за учество на руската репрезентација на Игрите во Рио

Министерството за надворешни работи на Русија истапи за деполитизација на спортот.

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација се спротивстави на политизација на спортот. Дипломатскиот ресор во рамките на своите надлежности ќе стори сѐ што е потребно за да се обезбеди учество на руската репрезентација на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, рече директорот на Латиноамериканскиот оддел на руското МНР Александар Шчетинин.

„Ние сме категорично против политизацијата на спортот, тој треба да биде надвор од политиката - само за спортистите и навивачите. Рускиот национален тим, несомнено, треба да учествува на Олимписките игри. Сѐ што е потребно од наша страна, од страна на МНР Русија, за да се обезбеди успешен престој на нашата делегација во Рио, ние ќе направиме“, изјави Шчетинин за „Интерфакс“.

XXXI Летните олимписки игри ќе се одржат од 05-21 Август во Рио де Жанеиро.

Во април претседателот на рускиот олимписки комитет Александар Жуков рече дека Олимпискиот комитет на Русија потрошил за подготовка на националниот тим за Олимпијадата во Бразил повеќе од 500 милиони рубли (околу 7 милиони евра), истакнувајќи дека тоа не се конечните бројки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња