Околу 16.000 војници, меѓу кои имаше војници облечени во униформи од историјата, како и дувачки оркестар, 194 воени возила и 150 авиони и хеликоптери, зедоа учество на Парадата на победата во Москва оваа година. Легендарниот Т-34 и ловецот СУ-100 се појавија на Црвениот плоштад рамо до рамо со своите современици. Меѓу другите беше прикажан и балистичкиот систем Јарс, како и новата генерација на Армата со далечинско управување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.