Москва под снег

Москва на работ на вонредна состојба.


Москва е зафатена од снежна олуја заради која навеа дури 25 cm снег за само два дена, а полицијата регистрираше над 500 собраќајни незгоди, од кои 47 потешки. Според некои медиуми, на патиштата некаде има колона од возила дури и од 60 km. За да се справат со ситуацијата, надлежните на улиците на Москва имаат извадено над 11 000 специјални машини да се справат со снегот. Снежното невреме го блокираше и авио-сообраќајот, па повеќе од 20 лета се откажани, а скоро 200 доцнеа. Патниите на социјалните мрежи пишуваат како со часови се заробени на аеродромите. Градските власти сепак ветија дека ќе работат 24 часа и дека за еден ден ќе ја нормализираат состојбата на патишата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња