Врз основа на концептот на Екатерина Галанова, француската компанија Cosmo AV, направи незаборавна 3Д анимација на фасадата на легендарниот музеј Ермитаж во Санкт Петербург. Во 12 дела беа прикажани најзначајните делови од руската историја во која музејот бил и сведок, но и учесник. Презентацијата беше пропратена со со музички фрагменти, но и поеми од Ана Ахматова, Марина Цветаева и Александер Блок. Погледнете дел од она во што уживаа жителите на Санкт Петербург, во нашево видео специјално подготвено за вас, читателите на Руска реч на македонски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.