И тоа се случува - патници сами да си го туркаат авионот на пистата. Се разбира, не за да запали, ами за да ги одмрзнат тркалата кои на тепература од -51 едноставно замрзнаа. Во Aрктичкиот појас, во областа Игарка, Краснојарски регион, ваквите сурови температури се честа појава и луѓето се навикнати, но изгледа не и машините. Затоа, 74-те патници на овој Туполев Ту-134 на компанијата УТаир, решија да помогнат да го помрднат, откако по 24 часа стоење на пистата, тркалата на авионот едноставно замрзнаа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.