Пред неколку години скоро никој не беше слушнал за малата фабрика и музеј за слатки, но денес нивната репутација ги надмина границите на Русија, со огранок планиран во Велика Британија.
Во малото градче Коломна, недалеку од Москва, се прават слатки и бонбони, т.н. пастили, по стари рецепти. Пастилите се дел од старата руска традиција, направени од јаготки и пире од јаболка.
Пред крајот на 19-от век, немало подобри бонбони од тие направени во Коломна. Фабриката била многу популарна и богата. Но, со даѓањето на бољшевиците на власт, фабриката е одземена и производството запрено. Традицијата е згасната, а вкусот заборавен.
Но денеска традицијата и вкусот се враќаат и тоа на голема врата.
Наталија Никитина, директорката на Музејот Коломна на заборавени вкусови вели: „Сега, после скоро еден век, одлучивме да го воскреснеме процесот. Никој не веруваше дека ќе има толкава побарувачка.“ Таа во архивите го пронајде рецептот и заедно со нејзината пријателка Елена Дмитриева, започнаа да ги проучуваат историските документи и открија дека процесот на правење слатки всушност бил некакво „средновековно конзервирање“ - откако овошјето е исушено, тоа можело да биде складирано долг период и само со додавање на врела вода можело да биде конзумирано во долгите зими.
Подетално за оваа традиција во видеото што го подготвивме за вас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.