Зомби трка

Невообичаена забава во Москва.

Во паркот Соколники се одржа невообичаена „Маѓепсана трка“. Во неа, учесниците требаше да поминат низа препреки на патеката долга пет километри и да стигнат до крајот „неизедени“ од зомбите. Секој можеше да одбере страна - или ќе биде зомби или ќе биде човек кој бега од нив. Тие кои се одлучија за зомби имаа навистина тешка задача, затоа што требаше да се маскираат и добро да се скријат долж патеката од каде требаше да ги пресретнуваат тркачите. Тркачите се поделија на групи по дваесет кои поаѓаа на секои две минути. Мораа да ја претрчаат патеката и да останат „живи“, а за „живоста“ сведочеа траките што ги носеа залепени на нив како ниво на „здравје“. До целта требаше да пристигнат барем со една трака залепена на нив, како доказ дека го преживеале нападот на зомбите. Оние кои се докопаа до целта барем и со една трака, макар и „четвороножечки“ - се победници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња