Во организација на рускиот претседател Путин се одржа „Касписки самит - 2014“, на кој се собраа претседателите на државите од Каспиското море: Илхам Алијев - Азербејџан, Хасан Роухани - Иран, Нурсултан Назарбајев, како и претседателот на Туркменистан - Гурбангули Бердимухамедов.
Учесниците на самитот разговараа меѓу другото, и за правниот статус на Каспиското море и безбедносните прашања на тој регион, после што имаше заедничка изјава и завршен извештај.
Потпишани се неколку договори, меѓу кои и Договор за соработка од областа на хидрометереолошките заводи, Спогодба за соработка за справување со вонредни ситуации во Касписко море, како и Конвенција за заштита на природните ресурси на Каспиското море.
Претседателите на петте држави прошетаа долж реката Волга и ја порибија пуштајќи над 500 млади белуги во истата, на симболичен начин - заеднички притискајќи го копчето од базенот со рибите кои отидоа во Волга.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.