За македонски превод, притиснете „СС“.
На затворањето на Форумот, пред главните информативни агенции, Владимир Путин истакна дека е задоволен од резултатите на истиот. Прво нешто што го потенцираше е значајниот раст на учесниците во споредба со минатите години.
„Драго ми е што остваривме многу контакти со нашите партнери од сите области. Пред се, се радуваме што релациите со наште партнери напредуваат. Многу од нив оперираат во Русија со години“, рече Владимир Путин.
Според официјалните бројки, оваа година Форумот беше посетен од над 6.500 луѓе од 70 земји. Забележлива беше географската разлика: помалку од САД и Европа, а повеќе од Азија и земјите во развој.
„Новите гости“ уживаа особено внимание: многу од извештаите од ПМЕФ беа посветени токму на земјите од Азија. Експертите консултирани од РБТХ, велат дека зајакнувањето на релациите со Азија, не е само резултат на санкциите, туку и заради генералниот тренд на поголема отвореност кон Исток.
Според Министерството за економски развој, потпишани се повеќе од 130 договори со вкупна вредност од над 269 милијарди рубљи (7.8 милијарди долари). Значаен е договорот на Лукоил со Тотал за заеднички проект, а најмногу договори оствари Росњефт за истражувачки проекти со компании од Азербејџан, Венецуела, Индија и Куба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.