Уште еден терористички акт во Волгоград

Експлозијата во тролејбус се случи за време на утринската гужва на една од најзафатените улици во градот.


Eден ден по терористичкиот напад на железничката станица во Волгоград, се случи уште еден трагичен настан во тролејбус. Според информациите, станува збор за уште еден терористички напад од бомбаш-самоубиец.

Експлозијата се случи за време на утринската гужва на една од најзафатените улици во градот, пренесува ИТАР-ТАСС. Агенцијата забележува дека околу тролејбусот има тела на загинати. Според досегашните податоци, експлозијата се случила на улицата Качинцев. Во моментов екипи на „брзата помош“ ги пренесуваат настраданите во болниците на градот. На местото на експлозијата веќе работат специјалци за експлозии.

Се верува дека бомбата била поставена во средишниот дел на возилото, а експлодирала кога тролејбусот се наоѓал во близина на еден од градските пазари. Од силината на експлозијата се оштетени и околните згради. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.