Олимписки промени

Во здраво тело, здрав дух - олимписките игри инспирираат на промена.


За македонски превод притиснете „СС“ 
Во рамките на претстојните Олимписки игри во Сочи - 2014, се формираше една иницијатива - „Олимписки промени“, која треба да го разбуди спортскиот дух и активниот живот кај Русите. Ова е една од активностите преземена во таа смисла: ако сакате бесплатен билет за метро, морате да бидете малку активни пред апаратот специјално направен за таа намена. Но, внимавајте, ако мамите апаратот ќе го препознае тоа и билетот нема да се испечати. Не е напорно - само триесет клекнувања за билет! Погледнете го рекламниот спот за оваа акција и ќе ви биде појасно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња