Олимпискиот факел замина во вселената

Русија лансираше ракета која во вселената го понесе и факелот за Олимписките игри во Сочи.


Ракетата "Сојуз", со логото на игрите во Сочи, беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан. Факелот беше испратен на Меѓународната вселенска станица каде што се наоѓаат руските астронаути Олег Котов и Сергеј Рјазански. Астронаутите в сабота факелот ќе го "прошетаат" низ вселената, пред тој в понеделник да се врати на земјата.
Олимпискиот факел пред отворањето на ЗОИ во Сочи ќе патува 65 илјади километри и тоа со авион, воз, автомобил и санка. Тој ќе обиколи 130 градови, пред да пристигне на церемонијата на отворањето на Игрите на 7. февруари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња