Човекот кој го изгасна огнот

Кој е мистериозниот лик кој го носеше Олимпискиот факел под ѕидините на Кремљ?


Кој е човекот кому му изгасна Олимпискиот оган, при пренесувањето под ѕидините на Кремљ?
Тој е 17-кратен Светски рекордер во нуркање, 13-кратен европски, а 11 пати ги има рушено светските рекорди, кои патем самиот ги поставувал. Тоа е Шаварш Крапетјан, роден во мај 1953 година, во Ерменија. Но, она по што е уникатен овој човек е подвигот што го има направено надвор од спортските арени.
На 16 септември, 1976 година, само што завршил со кондициониот тренинг, по претрчани 20 километри, Шаварш слуша страшен звук по кој тролејбус со 92 патника лета во мраз ладната вода. Иако без нуркачка опрема на себе и по истрчани 20 километри, тој не се двоуми да нурне и да почне да ги вади вади веќе онесвестените патници. Нурнува, еднаш, уште еднаш и уште еднаш...и така 30 пати, извлекувајќи 30 луѓе на брегот, се додека и самиот не колабира. Од ладната вода, добива воспаленија на белите дробови, сепса од расечените раце при кршењето на стаклата на тролебусот за да влезе внатре. Подвигот за малку го чини живот - поминува 46 дена во кома, после што никогаш повеќе не се натпреварува. Но, продолжува да спасува!
Судбината го води во нов спасувачки подвиг - во февруари, 1985 година поминува покрај опожарена зграда и уште еднаш без двоумење влегува и почнува да ги спасува луѓето. И овој пат завршува во кома, со тешки изгореници.
Денес, води мирен и повлечен живот. Има мала работилница за чевли во Москва. И токму нему му беше укажана честа, во два нарати да го носи огнот на патот за Сочи. Веројатно и огнот знаел со кого си има работа - па изгасна дури во два наврати, за прв пат во модерната историја на Олимписките игри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.