Олимпискиот оган го започна своето патување

Олимпискиот факел тргна да патува низ Русија


За македонски превод притиснете „СС“
Олимпискиот пламен пристигна во Москва од Атина на 6 октомври. Од тој ден го започнува своето патување, најпрвин низ главнот град, а потоа и во остатокот на Русија. Сето ова ќе трае 123 дена и ќе се претрчаат 56 километри и олимпискот оган ќе го пренесуваат, до сега, рекорден број носители - 14 илјади луѓе ќе имаат можност да трчаат со запалениот факел по руските градови. Во преносот ќе учестуваат повеќе од 30 000 доброволци. Пламенот ќе го видат жители од 83 региони, што претставува 90% од популацијата на Русија. Факелот тежи скоро 1.8 килограми, висок е 0.95 и 54 мм е широк. Специјално е дизајниран така што центарот на гравитација е калкулиран за најудобно носење при трчање.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња