Видео-материјалот отстапен од Министерството за култура на РФ култура.рф
Од 23-30 септември во градовите на Тулската област се одржа 4-от Меѓународен фестивал на туристичка кинематографија „Свидание с Россией“ (мак. Средба со Русија). Фестивалот се организира од „КиТ“, некомерцијална организација за кино и туризам, со поддршка на Министерството за култура на РФ, Федералната агенција за туризам, Министерството за туризам на Тулската област, и Сојуз на кинематографи на РФ.
За четири дена на фестивалот се прикажани десетина играни и докуметнари филмови. Програмата вклучува филмови од руска и странска продукција кои се борат за следниве номинации: „Руски крај“, „Во Русија со авантура“, „Руски летописи“, „Руски светилишта“, „Русија и дијаспора“ и „Најдобар игран филм за патешествија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.