Едвард Атемјев (30 ноември, 1937), е руски композитор познат по својата електронска музика. Неговите необични комбинации на звук денеска се многу познати. Во 60-тите и почетокот на 70-тите неговите композиции беа авангарда. Затоа и најпознатиот режисер Андреј Тарковски го ангажираше скоро на сите негови најважни филмови, како „Соларис“, „Огледало“, „Сталкер“. Во секој од овие, двајцата генијалци го споија својот раскошен талент и создадоа ремек дела.
Уживајте во изборот што го направивме за вас во оваа видео компилација со фрагменти од следниве филмови:
1. „Свој помеѓу странци, странец помеѓу своите“, Никита Михалков, 1974
2. „Соларис“, Андреј Тарковски, 1972
3. „Сибирскиот берберин“, Никита Михалков, 1988
4. „Сибиријада“, Андреј Кончаловски, 1979
5. „Курир“, Карен Шахназаров, 1987
6. „Изгорени од сонцето“, Никита Михалков, 1994
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.