Сталинград за Оскар

Трејлер од долгоочекуваниот филм на Бондарчук „Сталинград“.


Екслкузивно ви го прикажуваме трејлерот на филмот „Сталинград“, воената драма на режисерот Фјодор Бондарчук.
Овој мега-проект, прв руски филм во aj-макс 3D технологија, чини над 30 милиони долари, главно обезбедени од Државниот филмски фонд и една државна банка.
Како што деновиве пренесе РИА Новости, филмот ќе се бори и за Оскар. „Да, сѐ заврши успешно, решивме да го предложиме „Сталинград“, соопшти Евгениј Гидилис, член на руската комисија за Оскар. Во петокот руската комисија и го гледаше филмот „Сталинград“ зад затворени врати.
Инаку, предвидено е филмот да почне да игра во кино-салите веќе од октомври, 2013. Сега за сега, погледнете го трејлерот во очекување филмот да стигне некако и до нас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.