Руски „амиши“

Семејски старообредници - чувари на древноста.


За македонски превод притиснете „СС“
Видеото љубезно отстапено од Министерството за култура на Рф. култура.рф

Старообредниците се руски „амиши“ - живеат по традициите и обичаите од времето на Петар Велики. Тие се чувари на старите православни традиции, после црковниот раскол од 17-от век, кога биле потиснувани на границите на Русија: кон Полска, Литванија и долж реките Буг, Ветка и Сож. Најмасовно раселување е во ерата на Катарина Велика во 18-от век, кога ги протерува во најзафрлениот, но воедно и најубавиот дел на Русија, источно од Бајкалското езеро. Повеќе од 100 илјади од нив се населени на овој простор. Локалните жители им го дале името „семејски“ (семејни, фамилијарни), затоа што ги чуваат и негуваат семејните вредности.
Вистинска убавина е да се види нивната архитектура полна со бајковидна орнаментика, нивните шарени носии и да се чуе нивното специфично полифоно пеење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња