Путин сакаше да прошета сам после погребот на својот џудо-тренер

Видно вознемирен, Путин прошета сам низ Санкт Петербург после погребот.


На изненадување на сите, а особено на своето обезбедување и целосно надвор од протоколот, Путин после погребот на неговиот џудо-тренер Анатолиј Рахлин, инсистираше да прошета сам низ улиците на Санкт Петербург, наместо да влезе во службениот автомобил.
Видно вознемирен, не кревајќи го погледот, тој се обидуваше да ги прибере мислите и емоциите, нервозно шетајќи низ улиците на Санкт Петербург, додека обезбедувањето се обидуваше да се снајде и да ја исконтролира новонастанатата ситуација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.