Red Bull Flugtag - откачени летови во реката Москва

Третиот по ред Red Bull Flugtag привлече огромен број гледачи. Овој спектакл на Red Bull секогаш е интересен каде и да се одржува. Погледнете како помина во Москва.


Во Московскиот реон Строгино, одржан е третиот по ред Red Bull Flugtag. Кога овој настан беше одржан прв пат, привлече над 100.000 гледачи. Ништо помалку немаше и овој пат.
Flugtag (германски: „ден за летање“), собра костумирани учесници од Москва, Санкт Петербург и други руски градови, кои ги покажаа своите „конструкторски“ и „летечки“ вештини.
Екипите беа оценувани според три критериума: должина на летот, креативност и квалитетот на изработка на леталото. Покрај тоа, се зема пред вид и краткиот настап на екипата на полетната рампа. Red Bull Flugtag има посебни правила во изработката на леталото: распонот на крилјата е ограничен на 10, а трупот не смее да биде поширок од 4 метра. Максимално дозволената маса е 200 kg.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња