Алузии на СССР во западната музика

Во западната музика многу често се реферира на советската култура. Но и воопшто, советската музика како да претставува свеж бран во пост-советската ера и во Русија. Денешново видео зборува токму за тоа.


На неодамнешниот фестивал Mayfield Depot во Манчестер британските музичари Massive attack ја изведоа „Се оди според планот“, според познатата песна на Егор Летов. Потоа баладата на Јанка Џагилева „Таго моја светла“ ја изведе Елизабет Фрејзер од Cocteau Twins. И ова не се единствените примери кога се реферира на советската култура и музика.
Денеска и кај младите Руси расте интересот за Советската култура. Некој со ужас ја открива суровата реалност на работничките логори, читајќи ги делата на Шаламов и Солженицин, некој ги гледа филмовите на Тарковски, додека други од таван ги вадат правливите плочи на дискографската куќа „Мелодија“. Тоа е сосема нормално - после периодот на реформи и промени кога се одбиваше се што е Советско, настапува период на помирување и гледање на минатото со смиреност и објективност. А со тоа доаѓа и интересот за една заборавена култура.
Ова денеска се случува и надвор од границите на Русија. На Youtube се појавија првите спотови со советска музика во поголем обем дури годинава!? На социјалните мрежи тоа покрена лавина коментари. Ова како да внесе свеж бран од минатото, се покажа дека во пост-советската ера, можат да живеат советските вредности.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња