Путин присуствуваше на свеченоста во Киев по повод 1025 годишнината од покрстувањето на Русија

1025 години од кога кнезот Владимир реши да ја покрсти Русија во православие.


На 27 јули, претседателот на РФ., Владимир Путин допатува во Киев за да учествува на свеченоста по повод 1025 годишнината од покрстувањето на Русија.
Рускиот претседател директно од аеродромот замина во украинската престолнина, Киев, каде на Владимирскиот брег, каде според преданието кнезот Владимир 988 година го започнал крштевањето на Киевјаните, со што започнува процесот на официјалното прифаќање на православието низ цела Русија.
Покрај споменикот на кнезот Владимир, се служеше молебен на кој присуствуваа илјадници луѓе, официјални лица, претседателите на Украина, Русија, Молдавија, Србија, како и поглавари и претставници на 15 помесни Цркви.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.