Руските соколи летаа на Инвазија-2013

Инвазија-2013 е рок фестивал кој годинава имаше и авионски акробатски спектакл.


Пилотите на Липецкиот центар во состав на пилотската група „Руски соколи“, на авиони Су-27 и МиГ-29, изведоа показни летови за учесниците и гостите на рок-фестивалот „Инвазија-2013“, кој се одржува во Велико Завидово во Тверската област.
Специјално за оваа прилика тие демонстрираа врвно акробатско летање и маневрирање во низок лет, практично на границите на техничките можности на авионите. Изведоа сложени елененти: „огледало“, „разминување при возвишување“, „фронтален нож“, „синхронизирано буре“, а беше симулирана и воздушна борба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња