Преку ноќ Путин дигна на нозе 160.000 војници

Проверка на борбената готовност на руската армија.


Претседателот на Русија, Владимир Путин минатиот викенд среде ноќ на нозе крена 160.000 војници, 1.000 тенкови, воени авиони, хеликоптери и бродови и со тоа практично ја започнал една од најголемите воени вежби во државата.
Во „ситните“ саати саботата спрема недела, министерот за одбрана Сергеј Шојгу добил наредба да ја провери борбената подготвеност на Источната команда, во рамки на која делуваат силите на рускиот Далечен исток и Трансбајкалските регии. Веднаш потоа наредба за вежби добиле и официјалните лица на Источната команда, кои воопшто не биле запознаени за што се работи, но веднаш кренале на нозе 160.000 лица, кои започнале да ги исполнуваат зададените вежби.
Впрочем вакви изненадувачки вежби станаа некако нормални откако Сергеј Шојгу беше назначен за Министер за одбрана, за што Руска реч на македонски во неколку наврати информираше:

Министерот за одбрана не ја остава армијата на раат

Ненејавена посета на ненајавените вежби

Министерството за одбрана на Русија објави тревога

Путин е задоволен од резултатите на ненајавената проверката на борбената готовност

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.