Протон М експлодираше

Ракетата Протон М со три сателити ГЛОНАСС експлодираше при лансирањето.


Ракетата „Протон-М“, која требаше да однесе во орбитата три сателити од системот ГЛОНАСС, неочекувано ја промени својата патека и експлодираше веднаш после полетувањето од космодромот Бајконур во Казахстан. Ракетата падна во првите 30 секунди од полетувањето. Според експертите, приближната штета се проценува на 200 милиони долари. Премиерот Медведев побара да се формира комисија за утврдување на околностите за инцидентот и личната одговорност. Лансирањето на ракетата-носач од типот Протон-М, е запрена до завршувањето на работата на комисијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.