Наша музичка препорака

Легендарните „Аквариум“ со фронтменот Борис Гребеншчиков.


Групата „Аквариум“ е легенда на руската поп-сцена - постои веќе 41 година. Нивниот лидер Борис Гребеншчиков од андерграунд вокал, кој прво пее забранети песни во СССР, за потоа да стане култна фигура на многу генерации, полнејќи ги концертните сали и стадиони ширум Русија.
Самиот променил неколку бендови, снимил десетина албуми и синглови, како во Русија, така и на Запад. Експериментира со различни стилови, од рокенрол, блуз и панк, до реге, па и неокласицизам и фолк. Својата воодушевеност со источните култури ја спојува со историјата и културата на Русија, што резултира со уникатен музички израз испреплетен со руски и келтски етно мотиви, а текстовите му се често таинствени и тајновидни, како пораки од други светови.
Во денешново видео ви ја претставуваме баладата „Дубровски“, изведена во Националната опера на Украина. Уживајте.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња