Шокантно видео: гром удира во луѓе

Во Омската област, гром погоди луѓе во движење.


Руските медиуми и интернет-корисници, денеска активно ги коментираат шокантните снимки направени во Омската област, РФ, на кои се гледа како гром удира во мајка и ќерка во движење, иако околу нив има високи дрвја кои би можеле да го привлечат громот. Шокантните снимки се направени со dash cam, кои стојат на предното ветробранско стакло во руските автомобили и со кои често се ловат неочекувани моменти.
Трагедијата се случила во близина на приградската населба Троицко. Жената и детето излегуваат од градски превоз, го отвораат чадорот и тргнуваат кон дома. И тогаш сосема неочекувано, дури и необјасниво ги задесува трагедијата.
„Одев неколку метра зад нив. Жената држеше чадор, а девојчето беше покрај неа. Врнеше силно, одеднаш силно светна, и готово - веќе беа на земја“ - вели очевидецот Јелена Г. „Притрчавме, сакавме да повикаме Брза помош, но заради невремето, телефоните не работеа. Автомобили почнаа да застануваат, од кои еден ги однесе до најблиската полициска станица, од каде ги презема возило на Брзата помош“. - рече очевидецот.
Несреќничките Татјана и Александра веднаш се хоспитализирани и утврдено е дека имаат изгореници дури од 25%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.