Наша музичка препорака

Јолка - На голем возушен балон.


Во денешново видео ви ја препорачуваме атрактивната руска пеачка од поновата генарација, Јолка (рус. Ёлка, мак. Елка). Нејзиното вистинско име е Елисавета Иванцев. Родена е во Ужгород, во западна Украина. Кариерата ја започнала во татковината, меѓутоа бргу се преселува во Москва каде го снима својот прв албум „Град на измама“ и станува позната како Јолка. Својата музика ја гради во диско-поп и R&B и со секој хит бргу се искачува на топ листите, а во својата колекција има неколку вредни музички награди, меѓу кои и титулата за најдобра пеачка на Русија за 2011. Денеска ја слушаме со најдобриот хит од последниот албум, „На голем воздушен албум“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.