Наша музичка препорака

Јосиф Кобзон: „Те сакам животе“.


Во денешнава музичка препорака ви претставуваме еден неверојатен глас. Јосиф Давидович Кобзон - легендата на руската сцена. Овој инзвореден лирски баритон, со благородна боја на гласот и исклучителна дикција, просто плени на сцената.
Добитник е на бројни награди и признанија во СССР - Народен уметник на СССР, Орден за заслуги на татковината, Орден на пријателство помеѓу народите, Орден на одважност и други. Сепак, тој самиот за свое најголемо достигнување го смета своето семејство, сопругата Нела, двете деца и седумте внуци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.