Санкт Петербург слави

310 години од основањето на градот.


Санк Петербург е основан на 27 мај 1703 година од страна на царот Петар Велики. Овој град е создаден по урнек на големите европски центри и требало да ја отвори Русија кон Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.
Низ неговата историја, градот го сменил своето име три пати. За време на Првата светска војна неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).
По повод јубилејот хор од 4.500 луѓе пееја пред храмот Св. Исак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња