Македонската мода во руски дух

Модната недела - 2013 во Скопје е одбележана од русинки. Дознајте како?


Секоја година и во Република Македонија, како и во многу други светски центри се одржува настанот Модна недела. За вас, драги читатели на Руска реч на македонски, тоа е интересно од две причини - затоа што е квалитетен македонски настан, но и затоа што истиот веќе четири години го организира русинка - Света Богова-Јовановска. Света Богова-Јовановска е жената што во последниве четири години го организира овој најголем моден настан во земјава – Модниот викенд во Скопје. Таа по доаѓањето во Македонија од Русија, своето искуство од работата во списание за жени го пренесува на еден ваков важен настан, кој привлекува огромно внимание во нашата земја.
Но ова издание беше интересно уште за еден значаен момент. Имено на модниот викенд во Скопје се појави интересна колекција која носеше наслов „Руска приказна“. Младата дизајнерка Олгица Горѓиева се обиде да ја претстави руската нежност, благородништвото и авангардизмот преку својата колекција која е инспирирана токму од руската традиција и од рускиот фолклор. Нејзината инспирација дошла со оглед на фактот што Русија е држава која е богата со традиција и со култура, а сето тоа може да се преточи во мода. Тоа на големо се прави меѓу руските модни дизајнери, а таа го донесува во Македонија преку својата колекција. Олгица досега има создадено 13 колекции – секоја година по две. Има учествувано на многу настани од моден карактер и има соработувано со низа јавни личности од Македонија. Последната нејзина колекција се однесува токму на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња