Наша музичка препорака

Димитриј Шостакович - Седма симфонија.


Димитриј Д. Шостакович (1906- 1975), е руски композитор кој творел во ерата на Советскиот Сојуз. Имал комплициран однос со советскиот режим, претрпувајќи две јавни забрани за изведба на својата музика. Но и покрај тоа, Шостакович останал најпопуларниот и најценетиот композитор во тоа време, за што примил и бројни награди.
Неговата музика користи силни контрасти, дури и гротесктни елементи. Тој се гордеел со својата моќна оркестрација, која е чиста добро осмислена. За негови најдобри дела се сметаат неговите симфонии и гудачките квартети. Компонира и опери, концерти и филмска музика.
На почетокот на Втората светска војна останува во Ленинград за време на познатата опсада на градот, каде и ги напишал првите три става од 7-та симфонија, позната и како Ленинградска, која се доживува како симбол на отпорот на СССР и непобедливоста на рускиот народ. Уживајте во фрагмент од првиот став на Седмата симфонија под диригентската палка на Валериј Гергиев во Големата Сала на Московскиот Конзерваториум.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња