Наша музичка препорака

Сергеј Прокофиев - Танцот на витезите од балетот Ромео и Јулија.


Сергеј Сергејевич Прокофјев (1891-1953), е руски композитор, пионер на неокласицизмот, еден од најзначајните композитори на 20-от век. Студира во Петербург, како најмлад студент кој било кога бил примен на конзерваториумот.
Концертира во САД и Европа; во раната творечка фаза го карактеризираат како кубист во музиката, но подоцна се приближува на руската традиција потенцирајќи ја лиричноста и мелодичноста во својата музика.
После Октомвриската револуција живее во емиграција (1918-1932), во Париз, САД, Германија. Во тој период ги компонира оперите „Заљубен во три портокали“, „Огнен ангел“, балетите „Блудниот син“, „На Днепар“, како и симфониите 2,3,4.
Соработувал со познатиот режисер Сергеј Ејзенштајн компонирајќи музика за легендарните филмови „Александар Невски“ и „Иван Грозни“, а во тој период настанува и неговото, според многумина, најдобро дело 6-та симфонија во с-мол.
Во 1935, пак, го компонира своето најпознато дело, балетот „Ромео и Јулија“, од кое денеска ви го претставуваме ставот Танцот на витезите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња