Балтичката флота на 18 мај одбележа 310 години од своето основање. Свеченоста по повод јубилејот се оддржа во Калининград, Балтијск, каде се наоѓа главната база, но и во Санкт Петербург.
Еден од највпечатливите моменти во прославата беше величествената реконструкција на познатата битка на Петар Први со Шветска, која се случила во мај 1703 на реката Нева. Токму тој ден се зема за ден на основање на најстарата руска флота.
Публиката имаше прилика да види парада на бродови, меѓу кои и едреникот „Краузенштерн“, изграден 1926 година и кој повеќе пати го има обиколено светот. Овој едреник на прославата, симболично влезе во состав на воената морнарица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.