На 7 мај, 2012 Путин беше инаугуиран за Претседател на Рф. Симболично, пред почетокот на новиот милениум, донесе нова надеж за Русите - беше премиер од 1999-2000, па претседател од 2000-2008, па пак премиер од 2008 до 2012 и веројатно ако остане до крајот на мандатот ќе владее до 2018 - затоа што ја промени легислативата и претседателскиот мандат трае 6 години.
Но, не се сите задоволни од неговото владеење. Често е предмет на критика за „железната рака“ со која ја води Русија и ограничувањето на правата и слободите. Последен протест за повеќе права и слободи беше одржан во Санкт Петербург, токму на денот на годишнината од неговото претседателствување - 7 мај.
На протестите од интелектуалци, новинари, политичари беше побарано ослободување на сеуште некои затворени од минатите протести.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.