За македонски превод притиснете „СС“.
На 9-мај Русија го одбележа Денот на победата над фашизмот.
Над 11.000 војници и 100 парчиња оружје учествуваа на воената парада на московскиот Црвен плоштад - најголемиот настан со кој се чествува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.
Први на Црвениот плоштад продефилираа идните руски офицери, кадетите на воените школи, а по нив единиците на копнената војска, потоа морнарицата и другите воени единици.
Околу 100 оклопни возила поминаа на плоштадот после што следеше најбучниот дел од прославата - прелетот на воените авиони, како што се бомбардерите Ту-160, Ту-22, и Су-27, препознатливите МиГ-29, како и хеликоптерите Ми-28 и Ка-52.
Вкупно 68 авиони и хеликоптери го прелетаа небото над Москва - што всушност претставува симбол на 68-годишнината од победата над фашизмот.
Поврзани статии:
Денот на Победата одбележен и во Санкт Петербург
Ден на Победата - неколку видео моменти
Воздухопловниот дел од Парадата во Москва
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.