Наша музичка препорака

Антон Батагов - еден од највлијателните руски композитори на денешницата.


Пост-минималистичкиот композитор и пијанист Антон Богатов (1965), е еден од највлијателните руски композитори и изведувачи на денешницата. Образуван е на Конзерваториумот „Чајковски“ и добитник е на бројни признанија. Заслужен е за претставување на музиката на Џон Каге, Мортон Фелдман, Стив Рајх и Филип Глас, пред руската публика. Веќе со својот прв албум Messiaenove Vingt regards sur l'Enfant Jesus (1990), постигнува сензационален успех. Веќе после три години му го „залепија“ епитетот „најдобриот изведувач на Бах“. Неговиот пост-минималистички израз, пак како композитор црпи инспирација од хармоничките и ритмичките примери на руските црковни ѕвона и народните песни, складно споени со духот на будистичката философија, раната советска авангарда и прогресивната рок музика. Неговата дискографија до сега и импресивна: 30 CD-a. Добитник е на престижната меѓународна награда Steppenwolf во категоријата најдобра музика, а од 2010 живее во Њујорк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња