Руски филмски награди

„Хорда“ и „Фауст“ со најмногу награди.


Во денешното видео погледнете го трејлерот од филмот „Хорда“ на Андреј Прошкин. „Хорда“, заедно со филмот „Фауст“, на Александар Сокуров, ги добија најважните филмски награди во Русија. На фестивалот „Ника“, филмот „Фауст“ сепак ја однесе наградата за најдобар филм, што беше и очекувано, откако претходно го освои и Златниот лав во Венеција.
На фестивалот „Фауст“ имаше 8 номинации, „Хорда“ 11. „Хорда“ заврши со седум награди, помеѓу другите и за најдобра камера, сценографија и женска улога за актерката Роза Кајрулина, на која ова и е филмско деби, во кое таа ја глуми мирната но крвожедна кралица на Монголија. Интересно е што и двата филма имаат ист сценарист, Јуриј Абрамов, кој се натпреваруваше против себе и на крај се победи со „Фауст“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.