Во денешното видео погледнете навистина ретко убава изведба на балалајка од виртуозот Алексеј Архиповски, кој стана сензација веќе со првото појавување во јавноста.
Тој практично „растури“ на Гитаријадата каде во десет-минутното шоу покажа ретко мајсторство. Многумина го споредуваат со легендарниот Џими Хендрикс. Би се согласиле, но би додале - ова е сепак далеку посуптилно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.