На Соборниот плоштад во Кремљ на 13 април за прв пат годинава беше изведено свечено постројување и дефиле на гардиската пешадија и коњаница. Гардата за време на дефилето пред московјани прикажа неколку интересни потези и исклучителна умешност.
Коњаницата го изведе т.н. коњанички карусел.
Од сега, ваквата церемонија може да се гледа секоја сабота точно на пладне, до крајот на октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.