Летечка Црква

Свештеници-падобранци во служба на Военото Воздухопловство на Руската Армија.


За македонски превод притиснете „СС“. Видеото љубезно отстапено од ТВ-Каналот „Звезда“ tvzvezda.ru 
Ова е првата мобилна Црква воопшто! Формирана е специјална единица на свештеници-подобранци кои ќе можат да извршуваат верска служба за единиците таму каде е потребно.

„Свештениците направија два тренинг скока од Ан-2 авион, а потоа успешно скокнаа и од Илјушин-76, од кој беа исфрлени и платформите со мобилните Цркви“, рече официјалниот портпарол на Воздухопловните сили, полковникот Александар Кучеренко. Потоа, свештениците ја составија Црквата на тлото каде се приземји. Мобилната Црква е голема тенда на надувување, монтирана на специјална воена платформа. Во пакетот се и религиозните реликвии потребни за една Црква: олтар, икони и други елементи потребни за Црковна служба, сите грижливо спакувани и заштитени од оштетување при падот. А од тие причини некои од нив специјално за Воздухопловната Црква се изработени и од пластика – како на пример иконите.

Слична Црква е направена и во воен камион која се расклопува за 5-7 минути. Свештеникот Михаил Васиљев, шеф на Одделот на Воздухопловните сили при Синодот на Руската православна Црква, е одговорен за оваа соработка со Армиските сили на РФ. „Впрочем, се работи за тоа да се дојде до оние членови на Црквата, кои воедно се и падобранци,“ вели Отец Михаил Васиљев. „Така свештениците служат во армијата и на тој начин разбираат колку е тешко и значајно да се служи во армијата и да се брани татковината,“ додава тој.

Идејата Православната Црква да формира Воздухопловни сили е од март, 2012. Во февруари, 2013 на КамАз камион веќе беше направена првата мобилна Црква, ова е чекор напред во мобилноста на Црквата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња