Москаос - нов космос на културата и уметноста

Група уметници со својот концепт „животна креативност“ го спојуваат животот и уметноста.


Група ликовни уметници и музичари цел февруари работеа во напуштена фабрика источно од центарот на Москва, со цел да ја претворат во нов центар за култура – Мосхаос. Просторот го уредуваа уметници-перформери, членови на групата Руски патернисти, кои го застапуваат концептот „животна креативност“, според кој постои единственост на уметноста и секојдневниот живот. Впрочем животот е креативен чин, и токму затоа секојдневието се претвора во уметност, па дури и оваа стара, разрушена и напуштена фабрика.
Овој концепт го создадоа и разработија Сергеј Ануфријев, Павел Пеперштајн, Валентин Коржев, Андреј Андросов, Илија Гурејев, Дан Крјучков, Хермес Цајгот, Валерија Нибиру, Митја Несторов, Максим Јемелјанов, Максим Митинјов, Сергеј Прокофјев, Алексеј Гарикович, Сергеј Медведев, Вера Зверева, и Јегор Дмитриев. Оваа екипа гарантира дека со почетокот на пролетта, оваа рушевина ќе блесне во раскошни бои.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.