Денеска ви претставуваме уште еден одличен руски бенд - Tesla Boy. Тие се руска електро-поп група основана 2008 година, која пее на англиски. Откако и критиката и публиката реагираа позитивно на нивниот дебитантски настап, тие прават кариера во Русија, но и надвор од неа. Така, во 2009 година потпишуваат договор со британската дискографска куќа Mullet Records.
Во 2010 го издаваат и првиот албум „Modern Thrills“, што им го отвори патот за настапи по Европа и соработка со низа електро бендови ширум светот.
Членови на бендот:
Антон Севидов - вокал, клавијатури
Дмитриј Мидборн - бас
Поко Кокс - гитара, пратечки вокал
Михаил Студничин - тапани
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.